Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата
- „Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата, пренесува Укринформ.
Монтреал, 26 ноември 2024 (МИА) - Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.
„Собранието ги повикува владите и парламентите на членките на Алијансата да ги интензивираат политичките и практичните напори за Украина да добие покана и да стане 33. членка на НАТО што е можно поскоро“, се вели во резолуцијата, пренесува Укринформ.
Во резолуцијата се повикува на зголемување на воената, финансиската и хуманитарната поддршка за Украина, како и навремено снабдување со муниција и современи оружени системи.
Собранието препорачува и заострување на санкциите кон Русија и Северна Кореја и обезбедување на Украина со ракети со среден дострел за одбрана и одвраќање од понатамошна агресија.
Оваа година, Парламентарното собрание на НАТО се одржува во Монтреал, Канада. ссм/
фото: архива