• среда, 25 декември 2024

Парламентарни избори и референдум на Нов Зеланд

Парламентарни избори и референдум на Нов Зеланд
Велингтон, 17 октомври 2020 (МИА) - Граѓаните на Нов Зеланд денеска ќе гласаат на парламентарни избори и на референдум за легализација на марихуана и евтаназија, а досегашната премиерка Џасинда Ардерн влезе во изборната трка со големи шанси за освојување на втор мандат. Анкетите покажуваат дека 40-годишната Ардерн и нејзината Работничка партија убедливо водат пред главниот ривал Националната партија и нејзината лидерка Џуди Колинс. За време на кампањата, граѓаните на Нов Зеланд ја дочекуваа Ардерн како да е рок ѕвезда, а не политичарка, препишувајќи и голем успех во борбата против коронавирусот. Од воведувањето на пропорционалниот изборен систем на Нов Зеланд пред 24 години, ниту една партија никогаш не успеала самостојно да формира влада, но според аналитичарите, Ардерн со својата партија би можела на овие избори да освои убедлива победа, да има мнозинство во Паралемнтот и самостојно да формира нова влада. Граѓаните денеска, исто така, ќе се изјаснат и на две референдумски прашања - дали да се легализираат марихуаната и евтаназијата. Анкетите најавуваат дека евтаназијата би можела да стане легална, но граѓаните се остро поделени околу прашањето за легализирање на марихуаната. Ардерн стана пример за вработените мајки низ светот и многумина ја доживуваат како одлучен лидер, бидејќи со нејзините бескомпромисни одлуки таа го спречи ширењето на коронавирусот на Нов Зеланд во период од 102 дена без ниту еден локален случај на зараза. гт/

Остани поврзан