• сабота, 23 ноември 2024

Паркот „Скулптура“ во Автокоманда и улицата „Бутелска“ со ново зеленило

Паркот „Скулптура“ во Автокоманда и улицата „Бутелска“ со ново зеленило
Скопје 17 март 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ во координација со Град Скопје, периодов работат на хортикултурно уредување на вториот дел на улицата „Бутелска“ и на паркот „Скулптура“ на „16-та Македонска бригада“ во Општина Гази Баба. На улицата „Бутелска“, како што информира Град Скопје, се работи на формирање на зелен коридор на површина од 1600 квадратни метри, со обновување и засадување нова тревна површина и одржување на вегетацијата. - Реализацијата на зелениот коридор во Бутел се одвива со фрезирање на постојната подлога, нанесување нова квалитетна почва, поставување систем за полевање и садење ново зеленило. На новата уредена зелена површина ќе се засадат листопадни и зимзелени садници и украсни грмушки, се наведува во соопштението. Од друга страна, во тек се и активностите за уредување на паркот „Скулптура“ што се наоѓа на „16-та Македонска Бригада“ во населбата Автокоманда, со површина од 4200 квадратни метри. Според соопштението, во паркот „Скулптура“ се врши интервенција на целата вегетација, обнова на почвата, како и поставување на систем за полевање со што би се овозможило континуирано одржување на зеленилото. Зеленилото на паркот ќе го сочинуваат зимзелени и листопадни садници, кои функционално и естетски одговараат на просторот на кој се прилагодени според климатските услови. сх/сп/

Остани поврзан