• среда, 20 ноември 2024

Парични казни за четири лица од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Парични казни за четири лица од Скопје поради непочитување на полицискиот час

Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе предлози за казнени налози против четири лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство информираат дека тројца од обвинетите во селото Побожје, а еден во Бутел, не го почитувале полицискиот час.

-За време на забраната определена со прописите за спречување на ширењето на заразна болест, без дозвола се движеле надвор од нивните домови, се посочува во соопштението на Обвинителството.

За обвинетите се предложени парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра​.​ бт/бак/

Остани поврзан