• среда, 25 декември 2024

Парична казна од 30 илјади рубљи за руската новинарка на Канал 1

Парична казна од 30 илјади рубљи за руската новинарка на Канал 1
Москва, 15 март 2022 (МИА) - Руски суд денеска ја казни жената вработена на Канал 1 со 30.000 рубљи (280 долари) за „кршење на законот за протести“ кога ја прекина информативната програма на таа државна телевизија и ја осуди војната во Украина . Марина Овсјаникова, вработена во Првиот канал, вчера подигна натпис зад водителката која читаше вести во програма во живо. Овсијаникова потоа извикуваше слогани со кои ја осудува руската инвазија врз Украина. аа/

Остани поврзан