• сабота, 23 ноември 2024

Парична казна за тројца велешани поради непостапување по здравствени прописи​

Парична казна за тројца велешани поради непостапување по здравствени прописи​
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство  Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за движење, донесена заради превенирање на болеста Ковид-19. Обвинителството на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни и тоа по 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 20 евра во денарска противвредност. мд/дма/

Остани поврзан