• вторник, 24 декември 2024

Парис Хилтон се сврши

Парис Хилтон се сврши
Лос Анџелес, 18 февруари 2021 (МИА) - Бизнисменот Картер Реум (40) ја запроси познатата хотелиерка Парис Хилтон. Тоа се случило на приватниот негов остров на 13 февруари, откако почнаа да се гледаат пред една година. Реум на својата избраничка ѝ дал дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе. [caption id="attachment_1359918" align="alignnone" width="2000"]Парис Хилтон и Картер Реум Парис Хилтон и Картер Реум[/caption] - Возбудена сум за ова следно поглавје и имам партнер што ме поддржува, изјави Хилтон за „Вог“. - Нашата врска е рамноправна. Се правиме подобри луѓе, меѓусебно. Чекањето вредеше, апсолутно!, истакнува таа. На Инстаграм пак, таа напиша: „Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Го чувствувате тоа.“ Според објавата, Реум по интимна вечера, клекнал на колена пред неа и таа му рекла: „Да, засекогаш. Нема друга личност со која повеќе би сакала да го минам својот живот “. Гласините дека Хилтон и Реум излегуваат, првпат излегоа во јануари минатата година, кога тие беа забележани на свеченостите околу Златниот глобус. Парот ја потврди својата врска на Инстаграм во април со фотографија со бакнеж. Ова би бил прв брак на Хилтон, иако таа не е првпат свршена. Таа и нејзиното поранешно момче Крис Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година. си/

Остани поврзан