Паредес е повреден и нема да игра со Манчестер јунајтед
- Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од францускиот шампионат против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет веќе во

Париз, 19 октомври 2020 (МИА) - Играчот за врска на ПСЖ, Леандро Паредес се повреди во 7. коло од францускиот шампионат против Нимс. Дваесет и шестгодишниот Аргентинец го повреди десниот бутен мускул и беше заменет веќе во 11-та минута.
Според „Л’Екип“, Паредес нема да може да учествува на утрешниот натпревар со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Оваа сезона, Паредес настапи на четири првенствени натпревари во Франција и заработи еден црвен картон. зс/