• петок, 27 декември 2024

,,Папокот на светот" од Венко Андоновски промовиран во штипската Библиотека

,,Папокот на светот

Штип, 16 март 2023 (МИА) - „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски во својот патувачки караван дојде до Штип. По Скопје, Битола и Куманово, промоцијата на романот се одржа во штипската НУ-УБ „Гоце Делчев“ и го привлече интересот на публиката.

-„Папокот на светлината" прво не мора да се прочита. Ако некој не го интересира поимот на светлината, нема потреба да се занимава со тоа. Треба да се прочита затоа што денес, тоа е тезата на романот, злото е толку маскирано, што многу често му даваме маска и на добро. И секој што ќе го прочита романот барем ќе се замисли – дали зад некои лица на добрината се крие некое зло, вели Андоновски.
 
Настанот во штипската библиотека е во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на роднокрајниот автор, Ацо Шопов, поради што Библиотеката периодов реализира низа активности.
 
-Во годината кога одбележуваме 100 години од раѓањето на нашиот голем поет, Ацо Шопов, ова е уште едно литературно-книжевно случување во Штип, пред штипската публика. Посебна чест и задоволство е што можеме да го промовираме најновиот роман на нашиот истакнат македонски автор, проф. д-р Венко Андоновски. Библиотеката на овој начин, преку ширењето на литературата, пишаниот збор, не само што ги чпромовира книгите, туку ги доближува до читателите, ја потткнува читачката култура, истакна библиотекарката, Соња Манева .
 
Промотор на романот беше познатата авторка Винка Саздова. 
 
Романот „Папокот на светот“ на Андоновски објавен 2000 година е продаден во повеќе од 12.000 примероци. Со овој роман тој ги освои книжевните награди роман на годината „Стале Попов“ на ДПМ, „Балканика“ и руската награда „Југра“.
 
„Папокот на светлината“, пак, кој се надоврзува, но не го продолжува „Папокот на светот“, досега е продаден во повеќе од 2.000 примероци.
 
И романот „Папокот на светлината“ на Андоновски се закити со наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување за 2022 година. вдј/вг/
 
 
Фото МИА

Остани поврзан