• понеделник, 18 ноември 2024

Папата Франциск се помоли Светското првенство во Катар да биде можност за мир во светот

Папата Франциск се помоли Светското првенство во Катар да биде можност за мир во светот
Ватикан, 23 ноември 2022 (МИА) - Папата Франциск денеска го поздрави одржувањето на Светското првенство во фудбал и се помоли Мундијалот во Катар да биде можност за хармонија и мир во светот. Овој важен настан нека биде повод за средба и хармонија на народите, во корист на братството и мирот меѓу народите. Да се ​​молиме за мир во светот и крај на сите конфликти, истакна папата Франциск во своето неделно обраќање до верниците во Ватикан. Папата Франциск е долгогодишен љубител на фудбалот и го истакнува спортот како начин за промовирање на солидарноста и братството. Тој е роден во Аргентина и навива за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес. ми/

Остани поврзан