• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск предупреди дека маларијата не смее да се заборави поради коронавирусот

Папата Франциск предупреди дека маларијата не смее да се заборави поради коронавирусот
Ватикан, 26 април 2020 (МИА) - Папата Франциск денеска истакна дека поради пандемијата на коронавирусот, не сме да се заборави борбата против маларијата „која им се заканува на милијарди луѓе во многу земји“. - Во време кога се бориме против пандемијата на коронавирусот, не смееме да ја заборавиме ниту потребата за продолжување на ангажманот за спречување на ширењето на маларијата која им се заканува на милијарди луѓе во многу држави, рече папата после молитвата. Тој потсети дека вчера беше одбележан Меѓународниот ден на борба против маларијата и додаде дека во мислите е со „сите болни, оние кои се грижат за нив и со сите кои се трудат секој човек да има пристап до добри темелни здравствени услуги“. Според податоци на СЗО, во 2017 година во светот со маларија биле заразени околу 219 милиони луѓе, а од болеста починале 435.000. Повеќе од 90 отсто од жртвите се жители на Африка. јт/

Остани поврзан