• вторник, 17 декември 2024

Папата Франциск назначи 21 нов кардинал

Папата Франциск назначи 21 нов кардинал

Рим, 30 септември 2023 (МИА) - Папата Франциск денеска претседаваше со церемонијата на назначува на 21 нов кардинал, вклучително и клучни фигури во Ватикан и на терен, а кои треба да помогнат во спроведувањето на неговите реформи и да го зацементираат неговото наследство додека тој влегува во клучната нова фаза на водење на Католичката црква, јавија американските медиуми.

По остар, но сончев ден, исполнет со восклици од верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата Франциск дополнително го прошири своето влијание врз Колегиумот на кардинали, што еден ден ќе треба да избере неговиот наследник, додаваат американските медиуми.

Во пораките до новите кардинали папата Франциск кажа дека нивната различност и географска разноликост ќе ѝ служат на црквата како музичарите во оркестар, кои понекогаш свират соло, а понекогаш како ансамбл.

-Различноста е неопходна... меѓутоа, секој звук мора да придонесе за заедничкиот дизајн, рече папата Фрањо, додавајќи дека затоа е од суштинско значење да се слушаат едни со други, односно секој музичар да ги слуша другите.

Меѓу новите кардинали се контроверзниот нов шеф на канцеларијата за доктрини на Ватикан, Виктор Мануел Фернандез, и мисионерот Роберт Превост, кој сега е одговорен за проверка на кандидатите за бискупи ширум светот.

Во „ексклузивниот клуб“, како што го нарекуваат американските медиуми, биле вклучени и амбасадорите на Ватикан во САД и Италија, како и водачите на Католичката црква во геополитичките жаришта како Хонг Конг, Ерусалим, Џуба, Јужен Судан, но и неговиот сентиментал миленик, каков што е бискупот на Кордоба, во Аргентина.

Церемонијата се одржа неколку дена пред папата Франциск да ја отвори големата средба на бискупи и католици лаици за планирањето на иднината на црквата, каде актуелни прашања се улогата на жената во црквата, ЛГБТК+ и католиците и свештеничкиот целибат.

Првата од двете седници на Синодот ќе се одржи од 4 до 29 октомври, а втората ќе се одржи следната година. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан