• понеделник, 23 декември 2024

Папата Франциск ги повика христијаните да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“

Папата Франциск ги повика христијаните да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“

Ватикан, 15 јануари 2023 (МИА) – Папата Франциск во денешното обраќање до верниците ги повика сите христијани да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, што ќе се одржи во септември.

Екуменската молитва ќе се одржи на 30 септември, пренесуваат светските агенции.

– Ги поканувам браќата и сестрите од сите христијански конфесии да учествуваат на овој собир на Божјите луѓе, рече папата Франциск.

Тој нагласи дека Бог „со посветеност и трпение го води неговиот народ кон целосното соединување“ на христијанските верници.

Овој месец, папата ќе одржи посебна миса во базиликата „Свети Петар“, во рамки на неделната молитва за единство на христијаните, која годинава ќе се одржи од 18 до 25 јануари.

Екуменизмот претставува современо настојување околу помирување, соработка, зближување и единство на христијанските цркви, а неговите почетоци се поврзани со протестантските цркви во 19 век.

Ватикан делумно се отвори за идејата за екуменизмот по Вториот ватикански собор, кој се одржа меѓу 1962 и 1965 година. рп/

Остани поврзан