• понеделник, 23 декември 2024

Папата откажа обврски поради „благ грип“

Папата откажа обврски поради „благ грип“

Рим, 23 септември 2024 (МИА) – Папата Францискги откажа сите состаноци за денеска поради болест, а Ватикан објасни дека 87-годишниот понтиф боледува од „благ грип“.

Како што пренесе ДПА, тој исто така ќе го искористи времето за одмор пред претстојното патување во странство, во чии рамки в четврток ќе замине за Луксембург, а потоа во Белгија.

Папата Франциск во последните месеци мораше повеќе пати да откажува состаноци поради неговото здравје. Сепак, тој успешно го заврши 12-дневното патување во Азија и Пацификот во првата половина на септември.

Поради болки во коленото и проблеми со колкот, папата роден во Аргентина обично седи во инвалидска количка за време на јавните настапи.

Папата Франциск во декември ќе наполни 88 години. Тој е најстариот папа во повеќе од еден век. јт/

Остани поврзан