• понеделник, 23 декември 2024

Папата молитвата на велигденскиот понеделник ја посвети на старите и на болните лица

Папата молитвата на велигденскиот понеделник ја посвети на старите и на болните лица
Ватикан, 5 април 2021 (МИА) - Папата Франциско ја посвети денешната молитва по повод Велигден на старите и на болните лица, како и на жители на домови за стари лица, истакнувајќи дека се надева оти неговите зборови ќе им дадат охрабрување и надеж. Со молитвата позната како „Реџина Каели“ официјално заврши велигденската прослава во Католичката црква. Поглаварот на Католичката црква втора година по ред го празнувања Велигден под строги мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Викендов практично немаше верници во Рим, и огромниот плоштад Свети Петар денеска речиси беше празен Во својата велигденска порака во неделата, 84-годишниот папа повика на повеќе вакцинации против Ковид-19, а предупреди и на војните и трки во вооружување во светот. ми/

Остани поврзан