• петок, 27 декември 2024

Панел-дискусија „Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги: Предизвици и можности“

Панел-дискусија „Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги: Предизвици и можности“
Скопје, 24 јуни 2022 (МИА) - Панел-дискусија на тема „Граѓанските организации како лиценцирани даватели на услуги: Предизвици и можности“ ќе се одржи денеска во Скопје. На 29 април годинава, како што посочуваат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Министерството за труд и социјална политика донесе Одлука за утврдување на цените на социјалните услуги кои покрај жртвите на семејно и родово базирано насилство, опфаќаат и услуги за други ранливи категории: помош во домот, за вонсемејна заштита, за стручна помош и поддршка, за дневен престој, за привремен престој, на советување и одмена на семејна грижа. - Поттикнати од цените утврдени во новодонесената Одлука, ја организираме оваа панел-дискусија за да одговориме на некои од прашањата кои ни се појавија, односно „Дали Министерството за труд и социјална политика навистина сака да го унапреди пристапот до социјални услуги за ранливите категории на граѓани и граѓанки?!“, „Дали Министерството за труд и социјална политика навистина сака да ги ангажира граѓанските организации како даватели на социјални услуги“ и „Дали е ова само уште една активност која Министерството за труд и социјална политика ќе ја додаде на чек листата со спроведени активности, а која нема да се имплементира и нема да даде никакви резултати?“, се вели во соопштението. На панел-дискусијата, како што додаваат од Мрежата, се поканети граѓански организации, институции, меѓународни организации и сите други правни субјекти кои обезбедуваат услуги на локално и национално ниво. Целта, посочуваат, е да се отвори дискусија за објективноста и реалноста на утврдени цени, односно дали тие навистина ќе ги покријат трошоците на давателите на услуги. мс/дма/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан