• понеделник, 23 декември 2024

Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А

Пандев со Џенова избори опстанок во Серија А
Џенова, 2 август 2020 (МИА) – Тимот на Џенова за кој настапува македонскиот репрезентативец Горан Пандев и следната сезона ќе игра во најквалитетното фудбалско натпреварување во Италија. Ова е епилогот по вечерашните средби од последното, 38. коло во Серија А по кое беше решена и последната непознаница. Џенова ја совлада Верона, додека нивниот директен конкурент во борбата за опстанок, екипата на Лече на домашен терен загуби од Парма. Горан Пандев одигра 83 минути и забележа асистенција при вториот погодок на домаќините. Резултати на последните пет натпревари од Серија А во сезоната 2019/20: СПАЛ – Фиорентина 1:3 Болоња – Торино 1:1 Џенова – Верона 3:0 Лече – Парма 3:4 Сасуоло – Удинезе 0:1 Шампион е Јувентус, а со него во Лигата на шампионите се пласираа Интер, Аталанта и Лацио. Во Лигата на Европа ќе играат Рома и Милан. Покрај Лече, од претходно веќе се знаеше дека лигата ќе ја напуштат Бреша и СПАЛ. зс/

Остани поврзан