Панатинаикос е првиот финалист во Евролигата
- Дуелот во полуфиналето на кошаркарската Евролига меѓу Панатинаикос и Фенербахче им припадна на атинските „зелени“ со 73:57 (22:13, 16:23, 18 :14, 17:7).
Берлин, 24 мај 2024 (МИА) - Дуелот во полуфиналето на кошаркарската Евролига меѓу Панатинаикос и Фенербахче им припадна на атинските „зелени“ со 73:57 (22:13, 16:23, 18 :14, 17:7).
ПАО стигна до финалето во Берлин за прв пат по 2011 година, кога славниот Жељко Обрадовиќ му ја донесе шестата титула клупски шампион на Стариот континент.
Во победничкиот тим двоцифрен број поени постигнаа Лесор (17), Нан (14) и Грант (13), а кај поразениот Хејс-Дејвис (14) и Гудуриќ и Сестина (по 10).
Во вториот натпревар од 21:00 часот се соочуваат европскиот првак Реал, убедливо најуспешниот во регуларниот дел од сезоната, и Олимпијакос.
Во недела прво е мечот за третото место (16:00), а потоа и мечот за тронот (19:00). дс
Фото: Евролига