• петок, 23 август 2024

Палмер потпиша нов договор со Челси

Палмер потпиша нов договор со Челси

Лондон, 13 август 2024 (МИА) - Англискиот репрезентативец Кол Палмер потпиша нов договор со Челси, пренесуваат англиските медиуми. Играчот од средниот ред имаше многу силна сезона со „сините“ и беше награден со договор со подобрени услови што веќе го потпиша.

Челси минатото лето го ангажираше Палмер од Манчестер Сити во трансфер вреден 47 милиони евра и тој веднаш стана водечка фигура на „Стемфорд Бриџ“. Одигра 45 натпревари на кои запиша 25 гола и 15 асистенции, што му донесе и повик во репрезентацијата на Англија за Европското првенство.

Кога се пресели од Сити, Палмер потпиша до летото 2030 година, но со новиот договор останува во Челси до крајот на сезоната 2032/2033. дс

Фото: Архива

Остани поврзан