Палиња потпиша за Баерн
- Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња.

Минхен, 11 јули 2024 (МИА) - Баерн Минхен на својата официјална веб-страница објави дека потпиша договор со дефанзивниот играч за врска Жоао Палиња.
Договорот меѓу двете страни е со важност до 30 јуни 2028 година.
Претходниот клуб на 28-годишниот португалски фудбалер беше Фулам.
Во сезоната 2023/24, играчот од средниот ред одигра 39 натпревари за англискиот тим, во кои постигна четири гола и една асистенција.
Претходно во кариерата Палиња играше за Спортинг, Белененсес и Брага.
Баерн Минхен на крајот од минатата сезона го освои третото место на табелата во германскиот шампионат.
Од 1 јули годинава нов тренер на баварскиот клуб е Белгиецот Винсент Компани. зс/
Фото: ЕПА