Палестинскиот претседател Махмуд Абас го именуваше својот евентуален привремен наследник
- Палестинскиот претседател Махмуд Абас го именуваше својот привремен наследник, кој ќе ја преземе функцијата доколку тој почине или се повлече, со што се отстрануваат можностите за евентуален вакуум во власта.
Рамала, 28 ноември 2024 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас го именуваше својот привремен наследник, кој ќе ја преземе функцијата доколку тој почине или се повлече, со што се отстрануваат можностите за евентуален вакуум во власта.
Во изјавата, објавена синоќа, Абас посочи дека претседателот на Палестинскиот национален совет ќе ја извршува функцијата привремен претседател во период не подолг од 90 дена, додека не се одржат нови претседателски избори.
Актуелен претседател на советот е 75-годишниот Раухи Фатух, кој накратко ја извршуваше функцијата привремен претседател по смртта на Јасер Арафат во 2004 година.
Осумдесет и деветгодишниот Абас ја извршува функцијата палестински претседател од 2005 година. Неговите здравствени проблеми често предизвикуваат шпекулации околу тоа кој би можел да го наследи на функцијата. ссм/
фото: архива