Палас го продолжи договорот на Хоџсон за уште една година
- Договорот на 72-годишниот стратег со „орлите“ се обновува до летото 2021 година.

Лондон, 6 март 2020 (МИА) - Кристал Палас го продолжи договорот на Рој Хоџсон за дополнителни 12 месеци, се вели во соопштението на лондонскиот клуб.
Договорот на 72-годишниот стратег со „орлите“ се обновува до летото 2021 година.
Хоџсон го предводи Кристал Палас од септември 2017 година, а тренерот го предводеше лондонскиот тим до 12-то место во Премиер лигата, додека лани заврши 11-ти.
Во моментов, по одиграни 28 кола, Кристал Палас е на 12-то место во пласманот со 36 поени.