• понеделник, 20 јануари 2025

Паланчани уживаа во настапот на Камерен оркестар на Битола, Наде Талевска и Ристо Самарџиев

Паланчани уживаа во настапот на Камерен оркестар на Битола, Наде Талевска и Ристо Самарџиев

Крива Паланка, 30 декември 2024 (МИА) - На градскиот плоштад во Крива Паланка синоќа одекнаа звуците на македонските евергрини во интерпретација на Наде Талевска и Ристо Самарџиев, заедно со Национална установа Камерен оркестар на Битола во рамки на програмата на манифестацијата "Новогодишен базар 2024" 

Публиката уживаше во речиси двочасовната програма со познатите рефрени од репертоарот и на Самарџиев и Талевска што донесоа вистинска празнична атмосфера која во центарот на Крива Паланка владее веќе четири дена со богатата и разновидна културна програма за сите генерации.

Претходно, на плоштадот настапија Сара Мејс и девојките, со најубавите божиќни песни, а за најмладите беа задолжени Ѓурчиновски, Панто Мето и Ди- Џеј Боно.

Ден порано, на вечерната програма концерт, втор по ред годинава, во градот на културата, одржа поп дивата Калиопи, која воедно доби и роденденски подарок од страна на градоначалникот Сашко Митовски.

За денеска се најавени повторно богата дневна програма и вечер со Мики Секуловски, а "Новогодишниот базар" завршува утре, 31 декември, со настапот на Пајак, многу маскоти од омилените ликови на дечињата од цртаните серии и спектакуларно пристигнување на Дедо Мраз. иб/вг/

Фото: Општина Крива Паланка 

Остани поврзан