• четврток, 02 април 2026

Пакистан и Кина презентираа мировен план за Блискиот Исток во пет точки

Пакистан и Кина презентираа мировен план за Блискиот Исток во пет точки

Пекинг, 31 март 2026 (МИА) - Кина и Пакистан објавија план од пет точки за „враќање на мирот и стабилноста во регионот на Персискиот Залив и Блискиот Исток“, а документот произлезе од денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на двете земји во Пекинг.

-Двете земји повикаа на „итен“ прекин на непријателствата и „максимални напори“ за да се спречи ширењето на конфликтот. Тие, исто така, бараат да се испрати хуманитарна помош во областите погодени од војната.

-Што е можно поскоро треба да започнат разговори што ќе го опфатат суверенитетот, територијалниот интегритет, националната независност и безбедноста на Иран и другите земји во регионот.

-Цивилите мора да бидат заштитени за време на борбите. Кина и Пакистан ги повикаа сите страни да престанат со нападите врз цивили и невоени цели.

-Ормуската Теснина, како и другите клучни водни патишта, треба да бидат обезбедени, а сите бродови што минуваат низ нив треба да бидат заштитени.

-Кина и Пакистан заеднички повикаа на зајакнување на улогата на Обединетите нации и решение во согласност со Повелбата на ОН.

Пакистан досега играше важна улога како медијатор во конфликтот, пренесувајќи пораки меѓу САД и Иран. Исламабад му го предаде на Техеран мировниот план на САД од 15 точки, како и одговорот на Иран.

Тој, исто така, беше домаќин на министрите за надворешни работи од регионот за време на викендот и најави дека во иднина ќе биде домаќин на преговори меѓу Иран и САД.сд//ссм/

Фото:ЕПА

Остани поврзан