• сабота, 23 ноември 2024

Пакистан им забрани на невакцинираните да патуваат на домашни летови

Пакистан им забрани на невакцинираните да патуваат на домашни летови
Исламабад, 1 октомври 2021 (МИА) - Пакистан од денеска им забрани на невакцинираните возрасни лица да патуваат на домашни летови, во обид да се зголеми стапката на вакцинација и да се избегнат нови заклучувања поради коронавирусот. Министерот за авијација Гулам Сарвар Кан денеска ја објави забраната на Твитер, наведувајќи дека „само целосно вакцинирани патници над 18 години ќе можат да користат домашни летови во Пакистан“. Пакистанската влада минатата недела соопшти дека од денеска невакцинираните луѓе нема да можат да работат во канцеларии или да влегуваат во трговски центри. Речиси 30 милиони луѓе се целосно вакцинирани во земјата со 220 милиони жители. Нема недостиг на вакцини. Пакистан пријави 1,2 милиони заразени и 27.785 смртни случаи од почетокот на пандемијата минатата година. паг/  

Остани поврзан