• четврток, 04 декември 2025

Пакистан го поздрави американското означување на белуџистанските сепаратисти за терористичка организација

Пакистан го поздрави американското означување на белуџистанските сепаратисти за терористичка организација

Исламабад, 12 август 2025 (МИА) - Пакистанското Министерство за надворешни работи во денешната експресна реакција го „поздрави“ потегот на САД да ја означи сепаратистичката Ослободителна армија на Белуџистан (БОБ) и нејзиното вооружено крило, Бригадата Маџид, како странски терористички организации (ФТО), јави ДПА.

Првиот министер на Белуџистан, Сарфраз Бугти, изјави дека групите „долго време пролеваат невина крв под лажната маска на етничка припадност и права“.

Објавата од страна на американската Влада дојде неколку дена откако началникот на пакистанската армија го посети Вашингтон, бидејќи двете земји бараат поблиски безбедносни врски.

Сепаратистичката група беше обвинета за смртоносни напади врз кинески државјани, етнички малцинства и инфраструктура во немирната покраина. Во март, таа киднапираше воз, убивајќи 31 лице и држејќи повеќе од 300 патници како заложници, потсетува германската агенција.

Во јули 2024 година, Пакистан ја прогласи Бригадата Маџид за терористички ентитет, додека БОБ е официјално забранета во Пакистан од 2006 година.

Белуџистан е најголемата покраина во Пакистан, која се граничи и со Авганистан и со Иран. Регионот е најмногу погоден од неодамнешното зголемување на насилството од страна на исламистичките милитанти и етничките белуџистански бунтовници кои се борат за независност, пренесува ДПА. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан