• петок, 20 декември 2024

Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Пад на индустриското производство во октомври од 1,1 процент

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Пад на индустриското производство од 1,1 процент во октомври во однос на истиот период лани бележи Државниот завод за статистика. 

Според денеска објавените податоци, пад од 20,9 проценти е забележано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 8,2 проценти во секторот Рударство и вадење на камен. 

Во секторот Преработувачка индустрија е забележан раст од 3,1 процент и тоа е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во производството на тутунски производи, печатење и продукција на снимени медиуми, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производство на метали, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство
на електрична опрема, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.

Во периодот јануари – октомври во однос на истиот период лани индустриското производство бележи опаѓање од 3,8 проценти. бак/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан