Падот на авионот со кој бил регистриран да лета шефот на Вагнер, Пригожин е сигнал од Кремљ, тврди висок украински претставник
- Висок претставник од украинското претседателство изјави дека падот на авионот со кој бил регистриран да лета шефот на Вагнер Пригожин е сигнал од Кремљ.

Киев, 23 август 2023 (МИА) - Висок претставник од украинското претседателство изјави дека падот на авионот со кој бил регистриран да лета шефот на Вагнер Пригожин е сигнал од Кремљ.
„Демонстративната елиминација на Пригожин и командата на Вагнер два месеци по обидот за државен удар е сигнал од Путин до руските елити пред изборите во 2024 година. „Пазете се! Нелојалноста е еднаква на смртта“, напиша на социјалните мрежи помошникот на украинскиот претседател Михајло Подољак. рп/
Фото: МИА архива