• четврток, 03 октомври 2024

Падна авион во близина на грчкиот град Кавала

Падна авион во близина на грчкиот град Кавала

Атина, 16 јули 2022 (МИА) - Околу 23 часот по локално време се урна авион во близина на грчкиот град Кавала, а според првичните неофицијални информации авионот се запалил, но нема информации дали станува збор за патнички или карго авион, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека интервенираат 15 пожарникари со седум возила, а на местото каде што падна авионот пристигнуваат спасувачки екипи. ср/ац/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан