• среда, 27 ноември 2024

Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажува дека има болни дрвја, смета градоначалникот Богдановиќ

Паднатото дрво на „Орце Николов“ покажува дека има болни дрвја, смета градоначалникот Богдановиќ
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Денешната слика од паднатото дрво на улица „Орце Николов“ кај Соборниот храм во Општина Центар, е само доказ за потенцијалната опасност од старите, болни и оштетени дрвја што може да предизвикаат последици и штети по граѓаните и учесниците во сообраќајот, смета градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Според Богдановиќ, дрвото, кое навидум било здраво, очигледно имало оштетени корени и претставувало опасност како дрвјата за кои беше издадено решение за отстранување во втората фаза од реконструкцијата на „Орце Николов“. - Акциите што ги спроведовме во изминатиот период за отстранување на осум дрва од оваа улица се само потврда дека нашите заложби се во интерес на жителите и нивната безбедност. Добро е што денешниот настан не го загрози животот на граѓаните и не е предизвикана материјална штета“, изјавил Богдановиќ, пренесуваат од општината. Оттаму дополнуваат дека остануваат на ставот дека старите дрвја треба да бидат отстранети во согласност со анализите на надлежните институции и да бидат заменети со нови висококвалитетни садници. ар/ац/

Остани поврзан