• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП

ОЈО Скопје ја испитува сообраќајката на автобусот на ЈСП

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - Врз основа на поднесено писмено известување од МВР-СВР Скопје Одделение за увиди на сообраќајни незгоди, за настан во кој возач на автобус на ЈСП Скопје на 8 јули изгубил контрола врз возилото за јавен превоз, отишол во лево и удрил во бетонска жардиниера на булеварот „Гоце Делчев”, при што со телесни повреди биле евидентирани возачот на автобусот и двајца патници, Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмет и презема дејствија за испитување на настанот.

Надлежниот јавен обвинител, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, ќе ги испита и наводите што се изнесени преку јавно искажани изјави од учесници во настанот и од други лица со кои се укажува на незаконитости во работењето на ЈСП Скопје, во поглед на исправноста и одржувањето на автобусот со кој се случи незгодата.

- За таа цел е ангажирано вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес. Согласно наредбата, во присуство на вештото лице ќе се изврши проверка на исправноста на автобусот. Дадени се насоки да се извршат и разговори со лица кои имаaт сознанија за настанот, се појаснува во соопштението. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан