• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО Куманово постапува по кривична пријава за насилство во група

ОЈО Куманово постапува по кривична пријава за насилство во група
19 ноември 2022 Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица. Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд. За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник.​​ Jавно обвинителство на Република Северна Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан