• четврток, 02 јануари 2025

ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција во предметот „Бункер“

ОЈО ГОКК ќе ја испитува секоја индиција во предметот „Бункер“

Скопје, 30 декември 2024 (МИА) - Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и истражители од Истражниот центар, при анализа на досега прибраниот доказен материјал, дојдоа до сознанија за можни други кривични дела и инволвирани лица, соопштуваат од Јавното обвинителство. 

-Со цел да се испитаат ваквите индиции, на 28.12.2024 година, едно лице беше спроведено во полициска станица. Заради постоење на основи на сомневање дека е можен сторител на кривичните дела Оддавање службена тајна и Злосторничко здружување со него е извршен службен разговор, велат од ЈО.

Дополнуваат дека по разговорот лицето е пуштено на слобода, а по насоки на јавниот обвинител му е одземен мобилниот телефон со цел со понатамошна дигитална обработка на телефонските податоци да се потврдат индициите за евентуално стореното дело.

Во рамките на предметот „Бункер“, под истрага се 18 членови на криминални групи. ар/дма/


Фото:МИА архива 

Остани поврзан