• сабота, 23 ноември 2024

ОЈО Велес поведе постапка за лице од село Раштани кој ја загрозил сигурноста на својот татко

ОЈО Велес поведе постапка за лице од село Раштани кој ја загрозил сигурноста на својот татко

Велес, 20 мај 2024 (МИА) - Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, односно син ја загрозил сигурноста на својот татко заканувајќи му се со нож, за да изнуди пари од неговата мајка.

Како што соопштуваат од ОЈО Велес, осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот.

-На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. На тоа реагирал таткото кој му забележал дека е срамота постојано да бара пари од нив, по што осомничениот зел кујнски нож и му се заканил на таткото дека ќе го убие ако се меша. Со тоа кај оштетениот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од полицијата.

Додаваат дека имајќи предвид оти ваквото однесување на осомничениот се повторувало и претходно, меѓутоа родителите не пријавувале во полиција, јавниот обвинител одлучил до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес да поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор во траење од 8 дена. ад/сст/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан