Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго
- Пред околу два месеца беше објавена фотографија од Сашо Дранго на која тој позира со убиена мечка, што предизвика реакција од невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“. Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина најави и премиерот Христијан Мицкоски во јануари, а Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет по допрен глас

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка против поранешниот заменик-директор на ЈП „Македонија пат“ Сашо Дранго, кој е разрешен од функцијата.
- Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува. Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес. По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, информираа од ОЈО Битола.
Пред околу два месеца беше објавена фотографија од Сашо Дранго на која тој позира со убиена мечка, што предизвика реакција од невладината организација за заштита на животните „Анима мунди“. Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина најави и премиерот Христијан Мицкоски во јануари, а Основното јавно обвинителство во Битола оформи предмет по допрен глас. вј/бак/
Фото: МИА архива