• вторник, 17 декември 2024

Оштетен Споменикот на револуцијата во Тетово

Оштетен Споменикот на револуцијата во Тетово

Тетово, 23 септември 2022 (МИА) - Изминатава ноќ оштетен е Споменикот на револуцијата во Тетово. Најверојатно со камења е искршен дел од предниот лик на ова спомен обележје посветено на загинатите борци во Народно-ослободителната војна.

Општинската организација на Сојузот на борци Тетово го осуди овој потег.

-Општинската организација на Сојузот на Борци најостро го осудува овој вандалски и нецивилизациски однос на поединци и групи кои го оштетиле споменикот на револуцијата, а кој ја симболизира антифашистичката борба на македонскиот народ и од другите националности кој несебично се жртвуваа за национана слобода. Бараме сторителите да бидат откриени и кривично да одговараат за стореното, реагираа од организацијата.

Вандалскиот чин го осудија и тетовските органоци на партиите ВМРО - ДПМНЕ и СДСМ.  

Овој споменик е поставен во 1962 година, а е изработен од вајарката Борка Аврамова (1924-1993). Оригиналното име е Споменик на победата, додека во Тетово е познат како Споменик на револуцијата. ас/ев/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан