• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Оштетена шофершајбната на жител на Сарај од залутан куршум

Оштетена шофершајбната на жител на Сарај од залутан куршум

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Жител на Сарај пријавил дека од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Вчера во 15:00 часот Ш.А.(54) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во селото од залутано зрно му била оштетена шофершајбната од неговото патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, посочуваат од МВР.

Од МВР информираат дека бил извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. фф/ев/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан