• недела, 22 декември 2024

Охридскиот архив ќе презентира документи од седумте општини што ги покрива

Охридскиот архив ќе презентира документи од седумте општини што ги покрива
Охрид, 1 јуни 2022 (МИА) – Стари документи поврзани со општините Охрид, Струга, Дебрца, Кичево, Дебар, Центар Жупа и Вевчани од 6 до 10 јуни ќе бидат изложени во предворјето на подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, по повод Меѓународниот ден на архивите – 9 јуни. Директорот Охридскиот архив, Никола Митровиќ Бабе информира дека во Подрачното одделение имаат многу документација поврзана со овие седум општини, кои се дел оваа институција. - Во предворјето на Охридскиот архив ќе поставиме седум паноа, на кои ќе бидат прикажани одредени документи од општините кои ги покриваме. Архивот во Охрид ги покрива општините Охрид, Струга, Дебрца, Кичево, Дебар, Центар Жупа и Вевчани и на различни паноа ќе поставиме документи поврзани со нив. Изложбата ќе биде од отворен тип и секој кој ќе сака да ја погледне ќе може да дојде, истакна Митровиќ. Изложбата, нагласи, ќе прикаже и дека Охридскиот архив, освен вредна документација за градот Охрид има богата архива и за останатите општини кои ги покрива. - Токму со изложбата ќе покажеме дека Охридски архив всушност е Подрачно одделение, кое ги покрива сите седум општини. Затоа и почнуваме со промоција и на другите општини, вели директорот. Во Охридскиот архив денеска прв пат беше предадена и документација од Капетанија на пристаништа, а како што нагласува Митровиќ една од основните дејности на Архивот е прибирање стари документи од институциите во овие општини. - Капетанијата за првпат предава документација за период од 1945-2000 година во средна форма. Тој фонд ќе оди на обработка, а потоа ќе може секој истажувач кој има интерес да го користи, па може ќе произлезе и некоја монографија или научен труд од сето тоа, посочи Митровиќ. сс/дма/

Остани поврзан