• вторник, 24 декември 2024

Оформена едукативна патека за деца во кругот на установата Национален парк Шар Планина

Оформена едукативна патека за деца во кругот на установата Национален парк Шар Планина

Тетово, 22 март 2024 (МИА) - Во просториите на Националниот парк Шар Планина во Тетово денеска беше промовирана едукативна патека за деца  „Истражија ја шумата“ по повод Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на водите. 

Патеката е оформена со едукативни материјали поврзани со она што го има во заштитеното подрачје на Националниот парк, како за видовите на дрвја, растенија води, животни и друго.

Вработените во Национален парк денеска заедно со наставници ги запознаа учениците на практичен начин запознавајќи ги со природната разноликост.

- Тука на патеката секако децата ќе можат и да видат од видовите тоа што има во природа, сè што е природно. Ова секако ќе продолжи со други активности. Учениците ќе ја посетат Шара, ќе им биде овозможено на секое дете да засади по едно дрво, да му даде име, како и да се грижи додека се школува. Важно е децата за се вклучат во овој процесот за да овие деца и утре бидат амбасадори на Шара и да ја претстават на најдобар можен начин, изјави директорот на НП Шар Планина, Ибрахим Дехари.

Оваа едукативна патека која е оформена во кругот на установата е дел од поддршката која Националниот парк ја добива од меѓународната организација „Глобална Конзервација“ (Global Conservation).

- Подигањето на свеста кај децата е важна алатка за зачувување на природата. Ќе ја помагаме Шар Планина да ја зачува природната разноликост. Шар Планина е млад национален парк и морам да кажам дека директор е херој затоа што ги превенира да се случат нелегалните работи како што се дива сеча, недозволен лов и слично, изјави Мустафа Ѓулен директор за Европа и Азија во меѓународната организација „Глобална Конзервација“ (Global Global Conservation).

Националниот парк и организацијата ќе соработуваат и на други проекти. ас/дма/


фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан