Официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател
- Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на Претседателот на државата, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба. цр/
Фото: МИА архива