• четврток, 26 декември 2024

Оувенс: Ситуцијата на јужната граница е „закана по националната безбедност“ на САД

Оувенс: Ситуцијата на јужната граница е „закана по националната безбедност“ на САД

Вашингтон, 24 март 2024 (МИА) - Шефот на пограничната служба на САД, Џејсон Оувенс, изјави дека ситуацијата на јужната граница на САД е „закана по националната безбедност“, откако во изминатиот период десетици илјади имигранти избегнале задржување и нелегално влегле во земјата.

Во интервју за Си-Би-Ес њуз денеска, тој изјави дека пограничните патроли се на пат во фискална 2024 година (која започна во октомври) да регистрираат еден милион задржувања на имигранти на американско-мексиканската граница. Додека до крајот на годината се предвидува да бидат регистрирани рекордни два милиони задржувања, и ова се случува трета година по ред.

Според него, во текот на овој период во зоните меѓу пограничните пунктови на јужната граница околу 140.000 имигранти успеала да влезат во земјата без да бидат задржани. Сите тие биле забележани од сигурносни камери и сензори.

-Зошто тие ризикуваат со животот и поминуваат низ области каде ние не можеме да одиме. Зошто се кријат? Што кријат и што носат со собе. Која е нивната намера? Од каде доаѓаат? Едноставно не ги знаеме одговорите. Тоа е она што за нас претставува закана за нашите заедници, изјави Оувенс.

Според него, ваквата ситуација е рамно на закана по националната безбедност на САД. кб/ сд/   

 

Остани поврзан