• недела, 22 декември 2024

Отштета од сто милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот Ливинг Неверленд

Отштета од сто милиони долари за семејството на Мајкл Џексон за филмот Ливинг Неверленд
Њујорк, 18 декември 2020 (МИА) - Семејството на Мајкл Џексон победи на судски процес против каналот Ејџ-Би-О, кој во 2019 година го прикажа филмот за поп-кралот „Ливинг Неверленд“ (Leaving Neverland). Според „Варајети“, наследниците на големиот музичар треба да добијат 100 милиони долари. Семејството го наведува фактот дека во 1992 година, Џексон потпиша договор со телевизискиот канал, според кој Ејџ-Би-О нема да шири клевети за него, неговото семејство и вработените во период од 27 години. Апелацискиот суд на САД донесе одлука дека договорот е сè уште во сила. Во 2019 година, Долниот суд им дозволи на наследниците на Џексон да поднесат тужба. Ејџ-Би-О поднесе жалба, но Апелацискиот суд ја потврди претходната одлука. Документарецот следи настани во кои се вклучени 37-годишниот режисер Џејмс Сејфчук и 41-годишниот кореограф Вејд Робсон. Како деца, тие беа блиски пријатели со поп-ѕвездата, но како возрасни сфатиле дека се жртви на насилство од страна на Џексон. Малиот Џејмс се среќава со пејачот на снимање реклама, а Вејд бил поканет од Џексон откако победи на детски танцов натпревар. Според жртвите, Вејд имал седум години кога првпат бил малтретиран, а Џејмс имал 10 години. Децата со другите „мали пријатели“ на Џексон честопати престојувале во неговиот ранч „Неверленд“ со своите родители, каде ја поминувале ноќта. Но, тие велат дека биле единствените во спалната соба со Мајкл без нивните родители. паг/  

Остани поврзан