• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Отсега Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки ќе можат да подигнуваат готовина само во рубљи

Отсега Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки ќе можат да подигнуваат готовина само во рубљи
Москва, 12 март 2022 (МИА) -  Централната банка на Русија објави дека Русите кои добиваат трансфери на пари од странски банки можат да подигнуваат готовина само во рубљи, пренесува Хина. Тоа е нов обид на Русија да се справи со западните санкции. Банката соопшти дека новата привремена мерка ќе стапи во сила  денеска. Не е прецизирано колку долго ќе трае. ссм

Остани поврзан