• среда, 25 декември 2024

Отпочнува реконструкција на два километри тротоари на главната улица во Крива Паланка

Отпочнува реконструкција на два километри тротоари на главната улица во Крива Паланка
Крива Паланка, 30 март 2022 (МИА) - Воведен е во работа изведувачот на градежните работи за реконструкција на тротоарите на главната улица „Св.Јоаким Осоговски". Средства се обезбедени преку Бирото за регионален развој и проект на Североисточниот плански регион.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски изврши увид на теренот и истакна дека со оваа активност се уредува овој реон од градот и ќе се зголеми безбедноста на населението.
Реконструкцијата на тротоарите е на потегот од детската градинка"Детелинка", до клучката со магистралниот пат А2 и претставува дел од етапното разрешување на  проблемот со сообраќајниот метеж во градот, кој според одговорните, длабински ќе се разреши на повеќе нивоа.
Со средства од Бирото за регионален развој преку Североисточен плански регион ќе се гради пешачка патека во должина од 974 метри кон туристичкиот локалитет Калин Камен и ќе се врши реконструкција на 2025 метри тротоари на главната градска улица.
Митовски најави и продолжување на пешачко-рекреативната патека „Стара вада" висока зона лев брег на Крива Река. ид/ац/

Остани поврзан