• среда, 12 март 2025

Отповиканиот јужнокорејски претседател го напушти притворот по наредба на обвинителството

Отповиканиот јужнокорејски претседател го напушти притворот по наредба на обвинителството

Сеул, 8 март 2025 (МИА) - Отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол утринава го напушти притворот во Сеул по наредба на обвинителите, откако судот го прифатил барањето на Јун да го укине налогот за негово апсење, соопшти обвинителството.

Специјалниот истражен тим соопшти дека го известил Центарот за притвор јужно од Сеул да го ослободи Јун, еден ден откако Централниот окружен суд во Сеул нареди негово ослободување, по што тој ќе се брани од слобода во судскиот процес против него, пренесе Јонхап.

Според проценки на полицијата, околу 38.000 приврзаници на Јун се собраа денеска во Сеул, додека 1.500 луѓе демонстрираа против него.

Јун беше ослободен откако помина 52 дена во притвор под обвинение за поттикнување бунт кога на 3 декември на кратко воведе воена состојба во земјата. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан