• среда, 25 декември 2024

Откриен „Патот до Атлантида“ во Тихиот Океан

Откриен „Патот до Атлантида“ во Тихиот Океан
Хонолулу, 10 мај 2022 (МИА) - Поморски научници на истражувачкиот брод „Наутилус“ открија подморска појава што изгледа како „пат од жолта тула“, па сликовито го опишаа како „Патот до Атлантида“, но тоа се наоѓа - во Тихиот Океан. Откритието е последица на истражување подводни планини формирани од вулканска активност во подрачјето на гребенот Лили'уокалани, која е дел од заштитената Морска област Папаханаумокуакеа. Тимот научници користи возило на далечинско управување за испитувањата. Видео објавено на Јутјуб покажува нешто што наликува на патека од тула... https://youtu.be/TID2kc8yb9Q Но, тоа се всушност пукнатини на морското дно - предизвикани од „праисториски активната вулканска геологија“, појаснуваат научниците. Папаханаумокуакеа се наоѓа северозападно од Хаваите и опфаќа 1.510.000 квадратни километри, вклучувајќи и 10 острови. „Е/В Наутилус“ минатиот месец ја истражуваше областа, проучувајќи ги геолошките и биолошките системи на подморските планини. Пукнатините се последица од загревањето и ладењето по повеќекратни ерупции кај гребенот. „Наутилус“, инаку, го користи непрофитната организација „Оушн експлорејшон траст“, посветена на истражување на океаните.  си/сд/

Остани поврзан