• петок, 05 декември 2025

Отворен ден за креирање на Буџетот за 2026 во Општина Илинден

Отворен ден за креирање на Буџетот за 2026 во Општина Илинден

1 декември 2025

Општина Илинден останува посветена на транспарентната комуникација со граѓаните. Во таа насока, во просториите на Општина Илинден се одржа oтворен ден, на кој граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2026 година, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го пренесува интегрално.

Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници од општинската администрација и директорите на јавните претпријатија, оствари директна средба со граѓаните. На средбата граѓаните ги претставија своите конкретни предлози и проекти, со што директно учествуваат во распределбата на средствата на Буџетот за наредната година.

Сите предлози и барања доставени до Општина Илинден, ќе бидат темелно разгледани и анализирани од страна на стручните служби. Согласно финансиските можности и издржливоста на предложените проекти, тие ќе бидат вклучени во Програмата за работа и Буџетот на Општина Илинден за 2026 година.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан