• вторник, 17 декември 2024

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Белград, 2 април 2023 (МИА) - Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на Големата сцена на Народниот театар во Белград, гостуваше со најпознатата опера на Џоакино Росини „Севилскиот берберин“, која беше изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер од Австрија, јави дописникот на МИА од Белгад.

Белградската публика со повеќекратен аплауз го поздрави настапот на ансаблот на Националната опера и балет, а сите билети веднаш беа распродадени.

Во главната улога настапи Биљана Јосифов која го играше ликот на Розина.

-Розина е ведра и умна девојка и нејзиниот карактер е доста темпераментен, која се бори да победи љубовта кон Грофот Алмавива, но е заробена од нејзиниот тутор Дон Базило кој е посесивен кон неа. Така што ова гостување за мене преставува една посебна чест и задоволство да ја преставувам нашата земја во Белград и ја поздравувам оваа соработка во рамките на Отворен Балкан, која нуди соработка и слободен проток на идеи преку која културата ќе оди напред и ќе добие една нова димензија, да не само ние како уметници и целата култура на нашите народи биде на многу повисоко ниво, изјави Јосифов.

Во оваа комична опера во два чина, работена според делото на Пјер Бомарше „Трилогијата на Фигаро“, во чиј фокус е приказната за љубовта, парите, заблудите и измамите настапи и баритонот Васко Здравков во ликот на Фигаро.

- Овдека во Белград настапувам по вторпат, за прв пат настапив во Скопје и таму еве и овдека во Белград пријатно сум изненаден што сите билети беа распродадени и се надевам дека нема да ја разочарам Белградската публика.

Покрај нив на сцената настапија и Благоја Нацоски (Гроф Алмавива), Владимир Саздовски (Дон Базилио), Невен Силјановски (Дон Бартоло), Соња Пендовска Мадевска (Берта) и други.

Гостувањето на уметниците од Скопје се реализираше во рамките на платформата Театар Отворен Балкан изјави уметничкиот директор на Операта на Народниот театар во Белград Никола Мијаиловиќ.

-Овој проект е инициран лани во Охрид, по што е потпишан и договор во Белград и веќе во октомври имавме гостување на првенецот на Националната опера од Скопје, Марин Јованоски во улога на Марчело во Боеми и првенецот на Операта во Тирана, Денис Скура. Соработката продолжува на најдобар начин со вечерашното гостување на македонската Национална опера и балет со Севилскиот берберин во Народниот театар во Белград и многу се радувам на оваа проекција и знам дека таа е одлична. Сакам да посочам дека театарот Отворен Балкан сега е формализован, но соработката на нашите театри постои одмана. Уметноста е повеќевременска и таа трае. Билетите за оваа престава беа распродадени веднаш, што е потстрек соработката да ја продолжиме уште долго време, изјави Мијаиловиќ.

Според директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, станува збор за стратешка културна соработка помеѓу Народниот театар од Белград, Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Националната опера и балет од Тирана и Македонскиот народен театар во областа на драмата, операта и балетот.

-Се договоривме за соработка преку размена на диригенти, оперски и балетски солисти , костимографија, сценографија, гостувања, копродукциски проекти и по потпишување на договорот за соработка во ноември ни гостуваше балетот од Народниот театар во Белград со нашиот оркестар, а вечерва гостуваме со Севилскиот берберин со комплетна солистичка наша екипа и со нашиот хор и оркестарот и нашиот диригент Иван Еминовиќ. Ова размена и преставување на килтурните институции многу ни значи, изјави Ристов. об/

фото: МИА

Тагови

Остани поврзан