• недела, 24 ноември 2024

Отворено првото детско инклузивно игралиште во општина Илинден

Отворено првото детско инклузивно игралиште во општина Илинден
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Во општина Илинден денеска беше отворено првото детско инклузивно игралиште, со разновидни реквизити кои можат да ги користат сите, вклучително и децата со посебни потреби, а се наоѓа во спортско рекреативниот центар во Марино. Инклузивното игралиште е направено во соработка со Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност - Македонија и општествено одговорни компании од општина Илинден. На свеченото отворање на игралиштето градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека ова е првото детско инклузивно игралиште во Општината, но, како што потенцира, не и последно. Додаде дека како локална самоуправа ќе продолжат и во наредниот период да градат детски игралишта од ваков тип, со цел децата да имаат простор каде ќе можат да се рекреираат. На отворањето, градоначалникот Георгиевски им додели благодарници на општествено одговорните компании кои помогнаа во изградбата на детското инклузивно игралиште и Националниот сојуз Мобилност- Македонија. сст/ац/

Остани поврзан