• сабота, 06 декември 2025

Отворено писмо: Авторитарните режими ја користат здравствената криза за да ја зацврстат политичката моќ

Отворено писмо: Авторитарните режими ја користат здравствената криза за да ја зацврстат политичката моќ
Стокхолм, 25 јуни 2020 (МИА) - Повеќе од 500 личности и организации денеска предупредија на „заканата“ од „одредени влади“ и нивното загрозување на демократијата за време на здраствената криза и епидемијата со Ковид-19. Помеѓу потписниците на отвореното писмо се добитничката на Нобелова награда за литература Светлана Алексијевич, францускито писател Бернар-Анри Леви, американскиот актер и добитник на Нобелова награда за мир Ричард Гир, поранешниот полски претседател Лех Валенса и поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Автританите режими ја користат оваа криза... за да ги замолчат критичарите и да ја зацврстат својата политичка моќ. Демокраријата е во опасност... во прашање се слободата, здравјето и достоинството на луѓето ширум светот, се наведува во отвореното писмо, но потписниците не именуваат ниту една држава. Писмото е иницијатива на Меѓународниот институт за демопкратија и изборна помош (ИДЕА) во Стокхолм. ми/

Остани поврзан